Friday, February 10, 2012

Имагинација на љубовта


Зар животот може да се замисли без љубов? Фантазија на мисли и чувства чија замисла и идеја се остварува некаде далеку, во некои пространстава, никому познати. Скриени, но пак очите ги издаваат.
Љубов секому потребна, заштита, надеж во безнадежноста, радост во тагата, утеха во очајот, бои во сивилото. Љубов која претставува дожд во пустината, роза во плевелот, глас во тишината, сонце во темнината. Наjискрен подарок кој било кога бил подарен, подарок од Бога.
Срце од галеби кои симблично летајќи ја слават љубовта. Љубовта над сè! Врвна среќа?! Па мислам... мислам дека е тоа да љубиш и да бидеш љубен. Среќа која им припага на оние кои веруваат во бескрајноста на љубовта. Среќа како стремеж за цел за нешто што страсно се посакува. Љубов и среќа - непроценлива вредност...
Ајде дојди ангелу, дај ми ги твоите крлија нека бидат мои, оние назаборавни очи, па со нив да ги пијам убавините на животот и човековото срце и да ѝ ги поклонам на душата.
И... сега патувам, патувам на крилјата на ангелот и внесувам капка крв во секое изумрено срце. Безнадежно и бесчувствително. Што ќе е човекот без срце ко пролет без цвет? Нека секој љуби, нека секој биде среќен. Нека онаа ткаенина од чувства никогаш не се скине.
О, среќо сакам секоја капка нежност да ја почувствува топлината на крвта, да го вдушува воздухот полн со љубов, да ја носи непобедливата сила со себе ко своите мисли.
Сега веќе сонувам го знам тоа, но не сакам да се разбудам и погледнам низ расплаканиот прозорец, сакам само сонот вечно да трае. Сакам само сè да е љубов. А сонот е само фантазија претворена во букет рози.
Па зошто нѝ се потребни омразата и кавгата? Нека единственото нешто што нѝ треба биде љубовта, а нејзините сни наши водилки кон целта.
Луѓе сакајте се!

No comments:

Post a Comment

Don't worry, we're just indie kids

My photo
Kingston, Jamaica
Sara, 16. Born and raised in Macedonia. Aquarius. Freddie Mercury, Eric Clapton, Sinead O'Connor, Birdy, Bukowski, Nabokov and tea ♥.