Tuesday, December 27, 2011

Кога не се љуби- fireflies

Ранобудно лице,
неколку белези од топлата борба
со перницата и мокрите прамени
од косата што ѝ паѓаа
на градите ја правеа
да се чувстува како
утринска роса.

Неколку брзи чекори
и преголемата доза адреналин
ја правеа да посака
да се движи – игра.

Денот беше сончев,
а таа имаше сенка – ладовина
во еден дел во неа,
во нејзиното малечко срце,
Сè е полесно кога не се љуби,
(на некој начин).

fireflies:

fireflies:

Friday, December 23, 2011

Monday, December 19, 2011

Дисфункционалното општество раѓа дисфункционални битија

 Уште од мали не учеа на пластични цуцли, пластични играчки, кои потоа се претворија во пластични шишиња, па и пластични коцки. Така создадовме пластични битија со пластични мозоци. Живееме во време во кое постои тенденција разликите да се осудуваат, а чувствата остануваат тајни од кои луѓето се срамат. Живееме во време во кое среќата се мери со пари, љубовта со бисери, а зад пријателската прегратка се наоѓа и по некој скриен нож. 
Живееме според принципи на едно ограничено општество кое не не прифаќа онакви какви што сме, туку такви какви што треба да бидеме според неговите одредени и невозможни пропорции.
Па и не е чудно што се кршиме под тие неиздржливи притисоци. Да, дисфункционална е нашава култура. Од нас создава страшни монструми. И ако случајно се види пиреј покрај розите, ќе се најде барем еден да го искорне и уништи. Јас, на пример, сум совршено добар морков кој сите сакаат да го претворат во роза. Како морков имам убава боја и убаво мирисам. Кога пробуваат да ме претворат во роза, почнувам да се сушам и венеам. И како може да биде возможно некој да создаде свое индивидуално, независно, а сепак моќно битие, без да биде осудуван поради својот успех ? Да, таква е нашата природа- осудуваме без да знаеме низ каков трнлив пат минал некој додека да стигне до убавата роза.Осудуваме, уништуваме... за подоцна друг да ни биде крив кога ќе не стигне пропаста на нашите возвишени идеали.
И сеуште не можам да сфатам зошто слепо ги следиме искривените идеали како последен моден тренд...

Tuesday, December 13, 2011

Sunday, December 11, 2011


Повторно пијам чај. И повторно сум тажна. Ама овојпат ме удри многу јако. Како земјотрес неколку секунден кој убаво ќе те продрма, а ти самошто си заспал. Траумата е вечна.
Се сеќавам дека не можев да заспијам кога пробував последниот пат. Уморот се обидуваше да ми ги склопи очите, ама тие упорно се отвораа. Шараа наоколу и го бараа. Попусто. Некако и некогаш, сум потонала во сон. Имав кошмари како и секогаш кога спијам без него. Се будев препотена, преплашена, со искривено лице и изгубен поглед, со страв кој не можам веќе да го кријам, со плач во градите кој го допира, но не може да го предомисли. Станав уморна.
Денес почнав да одбројувам. Денес ја започнав првата фаза од мојот нов Живот. 96 дена. Ух, помина еден само. А беше толку долг. Колку и да се трудам подолго да останам во кревет, мора некогаш да станам. А и да не сакам, кошмарите сами ќе ме бутнат и ќе паднам.. ќе си ја искршам главата. Па ќе ме однесат во болница. Ќе крварам. Може ќе имам и внатрешно крварење. Можеби ќе умрам.
Никогаш не можам да знам каде ќе ме однесе Месечината. Ниту пак да знам дали некогаш ќе престанат да ми се тресат рацете. Знам само дека сега изгледам убаво. А дека веќе за еден месец ќе бидам уште поубава. Знам дека на рацете ќе си направам суптилни мускулчиња кои нема да излезат од границите на женственото. И на стомакот ќе имам затегната кожа, а на лицето никогаш повеќе пудра. Ќе го мијам само со многу ладна вода. Знам дека ќе отидам на Водно, ама уживањето нема да биде целосно. Знам дека ми недостига еден мирис кој совршено си влегуваше под мојата маица, а дека веќе за еден месец.. само ќе ми недостига повеќе. Знам дека можам да бидам најјаката Жена во светот, ама свесна сум и дека не можам да се помирам со тоа што ми се случи.
Повторно болка. Овојпат е поинакво чувство. Овојпат не можам да јадам ни грозје. Ми смета оклопот на зрнцата. Го сакам само префинетиот, мекиот дел, а некако тешко се стигнува до него. Го сакам само она што ми прилега единствено. Затоа не сакам друг дух. Затоа ќе си живеам сама. И ќе си плачам кога ми се плаче. И ќе пијам кога ми се пие. И ќе пушам и по 2 кутии цигари дневно. Никој не може тоа да ми го одземе. Затоа што доволно изгубив. Имам барем право на осаменички денови, нели? Ма и денови и ноќи. Ушите ми вкусуваат сочни звуци. Телото ми трепери од топло-ладни бранови. Ќе земам и хемии ако сакам. Ќе одам и во планина ако ми е потребно. Никој не може да ми забрани. Нека критикуваат колку сакаат, не ми се палат нервите така лесно. Потопени се во коскената срж на моите сонови. И пливаат низ крвта која поминува низ едно срце и една Љубов. Сега и засекогаш. А додека достигнам засекогашна точка.. :
Ќе ме снема од досегашното секојдневие и досадни мои автентични моменти. Ќе се сеќавам на попладневните прошетки низ неговата коса. Ќе ја гледам тишината и ќе ја слушам пригушената светлина што најубаво ја создававме и живеевме. Ќе напишам книга. Ќе напишам и листови за кои некој ќе ми фрли книжна вредност. Ќе бидам чудак кој како и секогаш е слабовидно разбран, но ќе успеам. Ќе се качам еден ден во воз. Ќе прошетам како странец во далечна земја. Ќе грицкам сончоглед. Ќе испијам 4 литри вода. А може и ќе конзумирам дрога. Ќе си дозволам сè што сакам. Затоа што не можам да знам каде ќе ме однесе.. ах тој воз.. Нека излета некако од тие проклети шини. Нека се преврти во некоја прекрасна и восхитувачко дрска провалија. Нека експлодира. Нека стане пепел. Нека ја има на телевизија несреќата. Нека пишуваат во весниците. Џабе им е целиот труд. Не се паметни и не ме слушаат. Мојата Љубов ни тогаш нема да престане.
Со почит ви објаснувам. Со постојан глад за еден допир и со постојан чекор кон личното пронаоѓање. И сакам и мразам. Нема или. Има само категорија И. Нема ЌЕ. Има сегашност. А сепак има иднина. Надежно идно време, дека можеби еден ден ќе бидеме заедно.
Пишувам за себе. Живеам за себе. Тотално сум неискрена личност. Ве лажам постојано. Па вие продолжете да ме читате. За еден ден да ве посрамотам пред светот. Затоа што сте неверојатно глупави. Не знаев дека имате 267 Животи. Слободно живејте ги. Ве поздравувам од едно мало место, но во него вирее најбогатото срце. Во тоа срце постои и најголемата тага, но секогаш ќе постои како насмеано бебе затоа што има чиста Љубов.
А сега, навредувајте ме. И колнете ме. И завидувајте ми.
Јас сум среќна. Јас работам на себе. Јас имам храброст. Јас имам Љубов. За него. За оној што е запишан во Гинис како најсреќниот човек. Ќе се случи и тоа изгрејСонце кога ќе дознае и ќе ме земе во раце. А до тогаш, можеби ќе бидам жива.

                    

Inspiration.








Wednesday, November 30, 2011

I wish you were here next to me.

Story about the saddest lady on Earth


Пливам на површината на кафето. Со секоја проголтана гранула, се менувам. Овојпат кон полошо. Секогаш сум се издигнувала, како подадено главче на желка која се бори со надојдената вода. Сега е мошне чудно. Срамота ќе биде да се удавам. Ќе ме има на најсмешни видео инсерти. Ќе ме гледаат во некој бош ден навечер на телевизија. Собрано друштво среќни копилиња кои имаат сè во Животот. Се препушиле каја. И умираат од смеење на моја сметка. Затоа што јас умирам од Љубов. Можно е да се умре од Љубов. Тагата го обвива целото тело и го разјадува, па тоа кутрото се разградува. Од душевна болка се раѓаат скоро сите болести. Болести за кои нема лек. Млади Животи одат во бестрага. Млади Животи имаат изглед на старачки дом. Сфатив дека не знам да живеам. Јас, којашто секогаш го знаела најдобриот начин. Сега може слободно да зборам во трето лице за себеси. Затоа што полудев и затоа што не сум присебна. Мозокот ми отишол во Индонезија, си игра фудбал со тамошните деца израснати на улица. И одеднаш забегува и се шетка низ пазарите таму. Гнасни се, нема никаква хигиена. Ама има овошја и зеленчуци кои ги нема на ниту едно друго место на планетава. Случајно, еден постар мештанин го зема и го мерка. Си вели дека добро би му дошло ако си го испржи и к’сне за ручек. Проклет старец! Никаков обѕир, никаква човечност. Никој не се грижи за останатите. Сите сме сами на светов. Поголемиот го јаде помалиот. Хиперсензибилните се умртвени од оние помалку чувствителните. Така е и во природата. Ланец на исхрана односно начин на преживување. Не постои тука вртење на тркалото. Постои само госпоѓица Карма која некогаш, некако, ги етикетира сите според своите заслуги.
Пливам на површината во сопствената утроба. Пробувам да се пронајдам повторно. Но без успех. Ја достигнав зрелоста кога не можам веќе сама. Ја сретнав точката каде што требаше да одлучам што ќе правам со себе понатака. Избрав Љубов и избрав патење. И не ми е криво. Вака ќе си живеам засекогаш. Избрав да си се пензионирам уште сега, на моиве години. Избрав да бидам вистински чудак кој отсекогаш правел екцентрични потези. А сега сум само слика што бледнее. Додека да трепнам, ќе бидам заменета со друга.
Сè што посакував е да му го посветам Животот.
Сè што имам се Љубовта и болката. Богата сум. И знам дека ми завидувате.
Ве поздравувам од обалата…

Monday, November 28, 2011

Поглед од мојот прозорец

Maгла. Секаде околу мене, каде и да погледнам, на која страна и да се свртам.. ништо нема, освен густа магла. Толку волшебна, прекрасна налик на мек облак. Посакувам да легнам на тој облак, да заспијам и да ги сонувам најубавите, најмагичните и прекрасни соништа. И за час, ја снемува. А, камо да можев барем уште малку да се восхитувам на таа убавина. Малку подолго да се чувствувам како невидлива, сама. Како никој да не ме гледа. Тогаш можам да ги правам оние работи за кои околината би осудувала, а не е свесна дека и ним само еден ќе им суди. И не можам, а да не се запрашам: зошто никој не си го гледа својот живот, туку сите те гледаат со лут поглед ако направиш нешто што според нив не е по прописи или пак, ги минува границите создадени во нивните ограничени умови. Сите гледаат во туѓа чинија, не забележувајќи каква гозба имаат во својата... И се вртам повторно околу себе. Истата глетка, истиот пејзаж како и повторно. Чисто, недопрено белило. Толку е прекрасно, што посакувам никогаш да не замине. Но, како за инат облакот си оди во далечината каде што мојот поглед не допира. Зарем не би било убаво  со него да ги земе сите наши грешки, каења, гревови, па и ние да останеме чисти, недопрени, бели? Да ги понесе со себе и да ги однесе некаде во недогледот за веќе никој да не ги види. Така барем нема да ме осудуваат. Така барем ќе спијам мирно, знаејќи дека не сум направила нешто лошо. Нешто, за што другите би ме гледале со оној ограничен поглед. Или подобро да кажам, тажен поглед. Бидејќи според моите сфаќања човек осудува и мрази само она што не може да биде или пак не го поседува. Да, чудни сме ние луѓето. Не ја гледаме сопствената среќа која ни седи на рамено, поради тоа што нашиот поглед шета кон туѓите рамена сакајќи да дознае кое од нив е накривено поради големата среќа. Ете, така се добива оној поглед полн со презир, омраза, осудување. Оној поглед кој никој од нас не сака да го поседува, а сепак повеќето- свесно или несвесно го употребуваат.

Don't worry, we're just indie kids

My photo
Kingston, Jamaica
Sara, 16. Born and raised in Macedonia. Aquarius. Freddie Mercury, Eric Clapton, Sinead O'Connor, Birdy, Bukowski, Nabokov and tea ♥.