Saturday, February 25, 2012

Последен снег


Чувствувам силна светлина која се вовлекува во мојата соба. Успева да се пробие преку прозорецот и да ми го разниша сонот. Сепак, не можам да ги отворам очите. Чувствувам еден убав мирис и мислам дека веќе сум потонала во сон и те сонувам. Твојата рака ме гали по косата и изненадено ги отварам очите. Не сонувам. Тука си навистина. До мене, со поглед свртен кон мене.
Надвор паѓа снег. Сета светлина се вселила во собата и прозевајќи се протегам спротивставувајќи се на одблесокот. Ме гледаш и се смееш. А јас уште како во сон се присетувам како синоќа те замолив да не си одиш. Како ми ја откопча ленената кошула и завршивме во мојата спална. Утрово се разбудив покрај тебе. Покрај мојот сакан. Ми велиш дека сум убава, а јас се покривам под јорганот затоа што знам дека шминката е разлеана по моето лице. Ме бакнуваш во челото и веќе не ми е важно како изгледам. Знам само дека имам голем наплив на среќа гледајќи те покрај мене. Нозете ми се студени, но не бегаш од нив. Ме припиваш до тебе и ме гледаш така поспано. Утрово сум многу мрзелива, знаеш? Сакам цел ден да лежиме заедно. Сакам да навее многу снег и да останеме цел ден тука. И знаеш, креветов никогаш не ми бил поудобен
 

Wednesday, February 22, 2012

Маме му ебам кој прв почна


“Останаа зајци пред фарови. Гледај. Нема крај. Немаше ни почеток. Ништо не се случи. Пројде некое време. Со голема брзина на стоење. Напред. Или назад. Или кога? Вчера. После. Лани. Сега. Утре. Пред извесно време. После многу години. Векови наназад. Една младост. Една длабока старост. Една кобна есен. Еден обичен ден. Еден обичен живот. Еден од оние моменти. Некаде у пизду материну, на патот за у курац.
Едно старо дрво. Клупа во парк. Железничка станица. Шарен чадор. Топло чоколадо. Широка улица. Кошула во штрафти. Сабајлешки бурек. Мерак на душата. Ќеиф на курот. Ситно предавство. Мирис на кујна. Неплатени сметки. Скапи мириси. Редици. Убави места. Малку радост. Слатко смеење. Циркус. Еден мајмун. Една свиња, ја имитира смртта. Експлозија. Делови од некои други делови. Мртви делови. Земји. Европи. Пички мајчини. Мој дел. Твој дел. Си ебав мајката. Види. Ќе експлодирам деновиве. Како прашина ќе затрупам наоколу.”

Saturday, February 18, 2012

Чувствуваш ли магија во оваа ноќ?


Зима. Ноќ. Ти и јас. Но, каква е оваа зима кога не чувствувам студ? Каква е оваа ноќ кога совршено добро те гледам? Снегот си го направил своето. Како и секогаш. Успеал да го осветли секое ќоше, секој агол и улица. Насекаде околу нас прекрасно исткаена бела постелнина која блеска надалеку. Блескаат и твоите очи. Блеска и моето растреперено срце од радост. Од љубов! Снегулките тивко и нечујно паѓаат, лепејќи се за мојата коса, топејќи се на твоите вкусни усни, паѓајќи долу една до друга. Ветерот си игра со мојата свилена марама околу вратот. Ја носи лево, десно, па го покрива твоето лице. Нашите стапала остануваат врежани во снегот и можам да забележам како вљубено сме стигнале до тука еден покрај друг. Новиот снег, односно новата постела ќе ги исполни и прикрие направените траги и ќе останеме тука сами. Како да сме ја изгубиле мапата и не знаеме да се вратиме назад. Тука се и нашите тела одразени како слики во истурената чиста бела боја. Слики на двајца фатени за рака кои се сакаат. На секоја наредна слика изгледаме се поблиску. И така набљудувајќи ги направените наши траги во снегот, одеднаш гледам пред себе и се судирам со најубавиот поглед што постои. Лежам на мекиот снег додека неуморните и упорни снегулки ме удираат по трепките и ми ги затвараат очите. Ме бакнуваш и се молам оваа ноќ никогаш да не заврши. Иако снегулките на моменти ми пречат, не сакам да престанат да прелетуваат наоколу. Не сакам ништо да ја уништи оваа магија. Оваа прекрасна зимска ноќ.

Sunday, February 12, 2012

Самоперцепција


Брзоплета сум. Мојата наивност често преминува во глупавост. Толку време поминувам во правење планови и во обмислување на сите детали, а скоро сè што правам, правам инстиктивно.
Слушам музика што ја лечи душата, но истовремено ги поттикнува и најдепресивните духовни моменти.
Прво што забележувам кај луѓето се нивните раце и нокти. Дланките се првото нешто што ми паѓа во очи кај луѓето. Тие ми ја опишуваат чистината на нивната душа и говорат за нивната педантност и внимателност.
Срамежлива сум, тоа го покажува и мојот неистакнувачки говор на телото.
Не знам да кажам „не“ на некого, во некои ситуации. Кога подобро ќе подразмислам, се работи за повеќе од само „некои“ ситуации.
Не се правам паметна, впрочем не ни мислам дека сум, но сепак во мене има одреден степен на интелект кој понекогаш знае да ги изненади луѓето.
Да, тоа сум јас, во моето најдобро и најреално издание. Секогаш може да биде подобро, впрочем сите се трудиме да бидеме некоја подобра верзија од себеси или од нечија друга, имагинативна, која секогаш излегува потешко остварлива од сите твои заеднички мечти и подвизи.
Повеќето од нас се трудат да бидат нешто што воопшто не се и на тој пат, правејќи го тоа, се забораваат самите себеси. Многу е лесно кога ќе видиш некој друг како прави одредена работа совршено добро, тешко е кога ќе се погледнеш себеси и нема да најдеш одговори.
Тешко е кога знаеш дека не можеш да бидеш друга личност, подобра, похрабра и попаметна. Тука настапува она самоприфаќање кое нè прави тоа што сме и нė издигнува на едно индивидуално ниво во тоа што секој од нас во суштина е – само уште еден човек повеќе.

Saturday, February 11, 2012

Конфузија


Посакувам да можев да ги слушнам сите приказни на светов. Да ги знам сите тајни за успешен живот, за исполнетост со хармонија, секој ден некој да извезе за мене нова прекривка од неговите спомени, а истата да ме топли. Толку луѓе, толку различни патешествија, посакувам да можев да ги имам. Се учи од сопствените чекори, но и од оние на другите. Не сакам да ги затворам очите пред она што може да ме научи да го прескокнам вирот, секогаш подобро е кога чевлите ми се суви…
Чекориме по секакви улици, некои прави, некои криви, други прашливи и непроодни, учиме животни лекции од чекорите кои сме ги правеле по нив. Некои приказни биле топли, со мека основа, прекрасни за доживување, други ни ги повредиле стапалата…
Секоја една од овие приказни е испишана во книга која секој од нас ја чува на посебно место во себе…
Она што ме интригира е посебната особина на човечкиот ум тие приказни да ги повторува во реалноста, најчесто луѓето имаат потреба да се присетуваат на оние трнливи денови, додека пак спомените просеани со убавина, ги оставаат во втор план… Се прашувам зошто? Можеби за да се присетат на онаа удобност која во моментот ја имаат? Можеби да си доловат дека секогаш има подобро? Можеби…Како и да е… Снегот повторно ме израдува оваа зима. Прошетките по белите улици, надве-натри со забелени, кристализирани гранки од дрвјата кои бдеат над патеките за шетање, се едни од моите омилени. Се изгледа толку чисто, мирно…Сета неправда и непристојност како да се задушила во таа примамлива атмосфера која не повикува да заиграме на снегулките… Паѓаат и паѓаат. Пуста белина, ни ги крати очите и не гали по црвените образи. Шалчиња, капчиња, ракавици, неизмерно шаренило го стоплува студот во нашите погледи.
Пристигнувањето дома е особено пријатно. Топол чај кој додека се правел, го процветал својот мирис низ просторијата во која седиме, две-три свеќи, човекот кој ви значи, драг разговор кој почнал уште на прошетката и ете ја вашата совршена вечер… Секоја прилика која ви е дадена може да биде во основа толку едноставна и еднобојна во почетокот, сè што ви треба за да добие топлина во себе е креативноста која се крие во вашиот ум.
Сакам да цртам. Тоа е мојата пасија. Гаам љубов кон уметноста уште од мала. Секое чувство кое ме обзема го ставам на лист хартија… Понекогаш и малите скици кои сум ги направила прераскажуваат многу. Застанувам пред публика со своите дела, во таа публика моите очи се најважни гости. Самокритичност. Помага. Но само во одредени количини.
Идејата ми е, дека секоја нишка која паѓа врз вашите очи како превез, со малку труд може да стане големо парче ткаенина, секоја конфузија во вашето тело, може да прерасне во прекрасен танц, секоја игра која ја играте, може да стане вашата театарска претстава… Сè што треба е да верувате во себе, да споделувате и лицето на секое старо, да го измиете со ново.
До следно читање, имајте убав ден,
Со љубов насликана од срце

Don't worry, we're just indie kids

My photo
Kingston, Jamaica
Sara, 16. Born and raised in Macedonia. Aquarius. Freddie Mercury, Eric Clapton, Sinead O'Connor, Birdy, Bukowski, Nabokov and tea ♥.