Wednesday, April 4, 2012

Хедонистичко чекање


Љубовта е субјективна. Јас верувам дека постои, но ти можеби не. Или само не сакаш да веруваш дека постои. Но, во едно сум сигурна. Сите ја чувствуваат.
И додека го грицкам сончогледов мислам на тоа како растел низ пространи полиња. Каква прекрасна глетка. Ми се врежа во главната перцепција сега и ми остана. А паралелно со грицкањето, ја намирисувам текстурата на утрешниот ден. Ништо поинаков од денешниов среднички, а сигурно ќе ме струполи на земја. Треба многу за да ме вивне во воздух. Ох, треба многу малце. Само да го видам Toj, насловот на мојата тишина и спокој. Би ги откачила сите штипки од алиштата на тераса. Нека летнат, ми е гајле! Би си направила кратки шишки. И да не му се допаѓаат, ме сака. Ми е гајле за светот. Ми е гајле за шишките кога ме сака. Ми е гајле за косата, расте! Растам и јас како погача во рерна кога се пече, јадам од мака, а сепак проклето многу уживам во храната мислејќи дека јадам со него.
Полудувам. Зарем толку многу може да ти недостасува некој човек што почнуваш да се губиш во сопствениот свет? Дотолку да чувствуваш празнина што мислиш дека со неумереното ставање сол врз вечерата ќе се сториш среќен. Набрзо потоа пробуваш и си ги повраќаш цревата.
И додека го грицкам сончогледов мислам на тоа како растел низ пространи полиња. Каква прекрасна глетка. Каква очајна глетка би се случила ако некој залепи нос на мојот прозорец. Среќа, не сум на приземје. Среќа, никому не сум битна па не ни проверуваат како сум. Среќа, имам убави шорцеви кои ме потсетуваат на него. Среќа, го имам сончогледов па некако ја заменувам храната и цигарите. Среќа, него не можам да го заменам , најубав ми е.
Љубовта е субјективна. Јас верувам дека постои. Јас многу верувам. Тоа ме прави исклучително глупава. И исклучително талентирана истовремено. Многу уметност сум внесувала во Љубовта. Сите само критикуваат. Сакав тој да биде човекот што ќе ми биде најдобар другар и што ќе ме критикува на истиот начин, но и ќе ме љуби, ќе ми помага и ќе ме поддржува. Јас не сум знаела ништо. Наместо измислени заклучоци, зошто не се случи допир? Зошто немост? Зошто менување на идеалниот правец?
Полудувам. Зарем толку може да ти недостасува некој човек што почнуваш да се губиш во сопствениот свет?
Зарем имам јас сопствен свет?
Имате ли Вие сопствен свет?!!
Љубовта е субјективна. А јас не можам да престанам да јадам. Ќе си зготвам повторно нешто убаво. И ќе ми зујат ушите од арогантно пикантната пиперка без која не може да помине ниту еден оброк. Па ќе се избањам. Во купки кои мирисаат на градини од најубави цвеќиња. Ќе се помешаат со вагинални секрети кои посакуваат да се излеат на друго место. Да ја покажат женственоста која првпат ми успеа со него. Па да заспијам мирно. Да отпловам без да се грижам дека ќе имам кошмари. Неговата рака на мојот стомак. А неговото дишење се вовлекува под мојата маица. Некогаш спијам и сосема гола. Се чувствувам сигурно со него, нема потреба од никакви сомнежи. Се случува и будење. Случајно. Од топлина. Иако е отворен прозорецот. Па водиме Љубов. Па го милувам нежно додека не заспие повторно.
Четврток. А јас полудувам. Четврточно, но сигурно. И знам дека пак ќе плукате на мојата искреност. Но подобро да сум искрена отколку да седам пасивно затворена како школка.
Љубовта е една, а јас ја имам само за една личност. Сончогледесто, сончево, секако.
Животот е борба која треба да ја живееме уживајќи. Како сега додека се борам со својата тага, уживајќи во тепањето комарци.
Зарем се борам за сопствената Љубов?
Имате ли Вие Љубов и сопствен Живот?!!
Јас сум само едно мало буцкало кое се труди да ви ги отвори очите и кое би си ја продало душата за него… ГРАЦИОЗНО, СЕКСИ И ОРГАЗМИЧНО.

Don't worry, we're just indie kids

My photo
Kingston, Jamaica
Sara, 16. Born and raised in Macedonia. Aquarius. Freddie Mercury, Eric Clapton, Sinead O'Connor, Birdy, Bukowski, Nabokov and tea ♥.