Wednesday, March 28, 2012

Креативност е да мислиш, направиш или гледаш нешто што дотогаш не постоело


1. Чкртај во тајни тетратки, и чукај диво икуцани страници, за твој ќеф
2. Биди покорен, отворен, слушај
3. Обиди се да не се пијаниш надвор од дома
4. Биди заљубен во твојот живот
5. Нешто што го чувствуваш ќе си ја најде сопствената форма
6. Биди луд добродушен глупчо на сопствениот ум
7. Дувај онолку силно колку што сакаш
8. Пишувај го она што го сакаш, без дно, од дното на умот
9. Неизговорливи визии на поединецот
10. Без време за поезија, туку за она што навистина е
11. Визионерски трпки кои минуваат низ градите
12. Фиксиран во транс, медитирај врз предметот пред тебе
13. Отстрани книжевна, граматичка и синтактичка инхибиција
14. Како и Пруст, биди стар „дувач" на време
15. Кажувај ја вистинската приказна на светот во вид на внатрешен монолог
16. Скапоцениот центар на интерес е окото внатре окото
17. Пишувај како сеќавање и забава за самиот себе
18. Пишувај од третото око, пливај во морето од јазик
19. Засекогаш прифати го губитокот
20. Верувај во светата контура на животот
21. Бори се да го скицираш текот кој веќе постои, нечепнат во умот
22. Не мисли на зборови кога запираш само за да ја видиш подобро сликата
23. Води сметка секој ден за датумот изгравиран во твоето утро
24. Немај страв или срам од достоинството на твоето искуство, јазик и знаење
25.
26. Пишувај за светот да чита, и да ги види вистинските слики на напишаното
27. Книгофилм е филм во зборови, визуелната американска форма
28. Слави го Карактерот во Бледата нечовечка Осама
29. Составувај диви нешта, недисциплинирани, чисти, кои доаѓаат оздола, што полуди, тоа подобро
30. Ти си Гение, цело време
31. Сценарист-режисер на земски филмови, спонзориран и со ангелска природа во Рајот

* 25-тото е намерно празно

Tuesday, March 27, 2012

Парадоксот на нашето време

Имаме повисоки згради и пошироки улици,
но затворен карактер и ограничено мислење.
Трошиме повеќе, но имаме помалку,
купуваме повеќе, но уживаме помалку.
Имаме поголеми куќи, но помали фамилии,
повеќе удобности, но помалку време.
Се здобиваме со повеќе дипломи, но имаме помалку разум,
повеќе знаеме, но помалку размислуваме,
имаме повеќе експерти,но сепак повеќе проблеми,
повеќе лекови, но помалку здравје.
Пиеме премногу, пушиме премногу,
трошиме неодговорно, премалку се смееме,
пребрзо возиме, премногу се лутиме,
седиме до доцна во ноќта, а стануваме уморни наутро,
премалку читаме, премногу гледаме телевизија,
и многу ретко се молиме.
Ги зголемивме нашите богатства,
но ги намаливме нашите вредности.
Зборуваме многу, љубиме малку,
а мразиме премногу често.
Научивме како да преживееме, но не и да живееме.
Му дадовме години на животот, но не и живот на годините.
Се качивме на месечината и се вративме назад,
но имаме проблем да ја преминеме улицата и
од спротива да ги запознаеме нашите соседи.
Го освоивме надворешниот свет, но не и внатрешниот.
Направивме поголеми работи, но не и подобри.
Го прочистивме воздухот, но ја загадивме душата.
Го совладавме атомот, но не и своите предрасуди.
Пишуваме повеќе, но учиме помалку.
Планираме повеќе, но постигнуваме помалку.
Научивме да брзаме, но не и да чекаме.
Создадовме повеќе компјутери за да содржат повеќе информации,
да произведуваат повеќе копии од вообичаеното,
но ние комуницираме се помалку.
Овие се времиња на брза храна и споро варење,
големи луѓе и слаби карактери, длабок профит и плитки односи.
Овие се денови кога дома две плати се делат, а разводите се множат.
Овие се денови на убави куќи,
но и време на повеќе уништени домови.
Овие се денови на брзи патувања, отфрлена моралност,
угоеност, еднодневи претстави.
Ова е време кога има многу на излозите,а малку во магацините.
Време кога технологијата може да ви го донесе ова писмо,
и време кога можете да одберете дали
ќе го поделите со некој или само ќе го избришете.

Friday, March 16, 2012

Tuesday, March 13, 2012

Говор против Вероника Франко (куртизана од XVI век)


Жени. Вечни сопатнички на мажите, или така некако. Ако не сакаш – лош си. Ако не ни обрнуваш внимание пак не чиниш. Што всушност сакаме ние? Од кого бараме, на кого даваме, и што е тоа што се дава, а воедно и бара?
За Вероника Франко ова прашање би било гола вода, но таа не е тука со нас за да може да одговори. Затоа јас ја земам таа одговорност и ќе Ви објаснам која е разликата помеѓу тоа што се давало и барало во минатото и како е тоа сега. Многу девојки, жени би се согласиле со мене дека ниедна од нас не би дозволила некоја да им го земе дечкото или мажот. Фала Богу. Која е таа па да ми краде од пред очи нешто што е мое? Да живееше Франко сега, ќе можевме да учиме како се краде маж и да бидеш горд на тоа. Но, дали прељубата и неверството е причина за гордост?
Денес не треба да си вештерка или маѓепсничка за да украдеш некој тип. Треба да бидеш секси, да ги поседуваш сите атрибути на себе и секако да знаеш како и кога да нападнеш. Меѓутоа, тоа и не е толку хумано. Сега ми е интересно и ќе ми биде убаво да Ви зборувам за тоа дека сум крадец, крадец на Вашите мажи. Но, како би ми било ако некоја сега ми го украде тоа што јас го сакам. Ако ми го украде мажот кој ја задоволува внатрешноста на мојата душа и моето тело? Како би имала образ да се шетам по улица, знаејќи дека сите ме мразат, дека би ме претепале, би ме обвинувале па и во краен случај да ме камшикуваат на плоштад. Со кое лице би се бранела и би говорела дека моето тело не ми носи срам, туку љубовта. Дека не сум куртизана, а всушност не го знам бројот на љубовниците. Да си го дадам срцето онаму каде што трага ќе остави само моето тело. Да го делам креветот со некој странец, наместо на мојот сопруг да му ја подарам невиноста, она по што тој ќе ме цени цел живот. Клеопатра, Теодора, Франко и Антонија се повеле на фразата дека ако една жена ја симне облеката, мажот сам ќе си дојде. Но, за мене тоа не е така. Ние девојките треба да научиме едно нешто од бајките. Пепелашка не се соблекла за да го најде принцот. Како можеме да кажеме дека куртизаните се чесни, кога ни “ч” од чесни немаат. Франко тврди дека таа не крадела мажи, туку им подарувала нешто што сопругите не им го давале. А што е тоа? Ако сопругите готвеле, чистеле, переле, биле домаќинки, воделе љубов со сопрузите, раѓале деца, седеле дома и зборот на мажот бил нивна заповед… што е тоа што куртизаната им го давала???
Таа едноставно копнеела по маж, по некој сосема непознат, зашто сакала да почувствува жар и страст. Таа не сакала да ја почувствува сопружничката љубов бидејќи тоа би било казна за неа.
Jaс не се соглаувам. Поголема казна е да остане сама на стари години отколку да има верен сопруг. Една жена е дар од Бога, ако и подариш љубов, внимание, таа ќе стане ангел, а мажот ќе живее во рај. Според мене не е важно дали сум згодна, дали привлекувам 1001 маж на прв поглед, важно ми е тој што го сакам да знае дека е единствениот. Не сум куртизана, не играм валкано, не се каам што сум со еден маж и не се каам што денес Ви го открив тоа што тлееше во мене.
Знам дека сум во правo и дека ќе ги натерам девојките да размислат малку бидејќи љубовта е за двајца, без оглед дали ќе се најде некоја куртизана што не знае да брои.


building castles in the air

fireflies:

Thursday, March 8, 2012

Извадок од "Вештица" -В. Андоновски

Псссст!!! Изусти, ако зборуваш кажи нешто поубаво од тишината.. зошто се плашиш од страстите? Страста постои за да биде задоволена; во спротивно би била смирение, а не страст. Настрана што ниедна страст не може да се задоволи целосно. Копнееш по нешто, на пример по вода. Несреќен си и неисполнет додека копнееш, така барем мислиш и мислиш дека среќата ќе дојде кога ќе ја задоволиш својата жед. И еве, конечно, доаѓа првата голтка. Среќен си. Но само со првата голтка. Веќе со втората ти си по малку среќен, и со секоја наредна стануваш се понесреќен, оти класденецот е тука, ама копнежт бледнее и го снемува. Каков привид: беше несреќен додека растеше копнежот а сега си несреќен затоа што то ј се смалува! Ако е така, среќата е само миг: мигот кога го добиваш она по што си копнеел, првата капка. Во неа се`, вечноста.

Don't worry, we're just indie kids

My photo
Kingston, Jamaica
Sara, 16. Born and raised in Macedonia. Aquarius. Freddie Mercury, Eric Clapton, Sinead O'Connor, Birdy, Bukowski, Nabokov and tea ♥.