Tuesday, December 27, 2011

Кога не се љуби- fireflies

Ранобудно лице,
неколку белези од топлата борба
со перницата и мокрите прамени
од косата што ѝ паѓаа
на градите ја правеа
да се чувстува како
утринска роса.

Неколку брзи чекори
и преголемата доза адреналин
ја правеа да посака
да се движи – игра.

Денот беше сончев,
а таа имаше сенка – ладовина
во еден дел во неа,
во нејзиното малечко срце,
Сè е полесно кога не се љуби,
(на некој начин).

fireflies:

fireflies:

Friday, December 23, 2011

Monday, December 19, 2011

Дисфункционалното општество раѓа дисфункционални битија

 Уште од мали не учеа на пластични цуцли, пластични играчки, кои потоа се претворија во пластични шишиња, па и пластични коцки. Така создадовме пластични битија со пластични мозоци. Живееме во време во кое постои тенденција разликите да се осудуваат, а чувствата остануваат тајни од кои луѓето се срамат. Живееме во време во кое среќата се мери со пари, љубовта со бисери, а зад пријателската прегратка се наоѓа и по некој скриен нож. 
Живееме според принципи на едно ограничено општество кое не не прифаќа онакви какви што сме, туку такви какви што треба да бидеме според неговите одредени и невозможни пропорции.
Па и не е чудно што се кршиме под тие неиздржливи притисоци. Да, дисфункционална е нашава култура. Од нас создава страшни монструми. И ако случајно се види пиреј покрај розите, ќе се најде барем еден да го искорне и уништи. Јас, на пример, сум совршено добар морков кој сите сакаат да го претворат во роза. Како морков имам убава боја и убаво мирисам. Кога пробуваат да ме претворат во роза, почнувам да се сушам и венеам. И како може да биде возможно некој да создаде свое индивидуално, независно, а сепак моќно битие, без да биде осудуван поради својот успех ? Да, таква е нашата природа- осудуваме без да знаеме низ каков трнлив пат минал некој додека да стигне до убавата роза.Осудуваме, уништуваме... за подоцна друг да ни биде крив кога ќе не стигне пропаста на нашите возвишени идеали.
И сеуште не можам да сфатам зошто слепо ги следиме искривените идеали како последен моден тренд...

Tuesday, December 13, 2011

Sunday, December 11, 2011


Повторно пијам чај. И повторно сум тажна. Ама овојпат ме удри многу јако. Како земјотрес неколку секунден кој убаво ќе те продрма, а ти самошто си заспал. Траумата е вечна.
Се сеќавам дека не можев да заспијам кога пробував последниот пат. Уморот се обидуваше да ми ги склопи очите, ама тие упорно се отвораа. Шараа наоколу и го бараа. Попусто. Некако и некогаш, сум потонала во сон. Имав кошмари како и секогаш кога спијам без него. Се будев препотена, преплашена, со искривено лице и изгубен поглед, со страв кој не можам веќе да го кријам, со плач во градите кој го допира, но не може да го предомисли. Станав уморна.
Денес почнав да одбројувам. Денес ја започнав првата фаза од мојот нов Живот. 96 дена. Ух, помина еден само. А беше толку долг. Колку и да се трудам подолго да останам во кревет, мора некогаш да станам. А и да не сакам, кошмарите сами ќе ме бутнат и ќе паднам.. ќе си ја искршам главата. Па ќе ме однесат во болница. Ќе крварам. Може ќе имам и внатрешно крварење. Можеби ќе умрам.
Никогаш не можам да знам каде ќе ме однесе Месечината. Ниту пак да знам дали некогаш ќе престанат да ми се тресат рацете. Знам само дека сега изгледам убаво. А дека веќе за еден месец ќе бидам уште поубава. Знам дека на рацете ќе си направам суптилни мускулчиња кои нема да излезат од границите на женственото. И на стомакот ќе имам затегната кожа, а на лицето никогаш повеќе пудра. Ќе го мијам само со многу ладна вода. Знам дека ќе отидам на Водно, ама уживањето нема да биде целосно. Знам дека ми недостига еден мирис кој совршено си влегуваше под мојата маица, а дека веќе за еден месец.. само ќе ми недостига повеќе. Знам дека можам да бидам најјаката Жена во светот, ама свесна сум и дека не можам да се помирам со тоа што ми се случи.
Повторно болка. Овојпат е поинакво чувство. Овојпат не можам да јадам ни грозје. Ми смета оклопот на зрнцата. Го сакам само префинетиот, мекиот дел, а некако тешко се стигнува до него. Го сакам само она што ми прилега единствено. Затоа не сакам друг дух. Затоа ќе си живеам сама. И ќе си плачам кога ми се плаче. И ќе пијам кога ми се пие. И ќе пушам и по 2 кутии цигари дневно. Никој не може тоа да ми го одземе. Затоа што доволно изгубив. Имам барем право на осаменички денови, нели? Ма и денови и ноќи. Ушите ми вкусуваат сочни звуци. Телото ми трепери од топло-ладни бранови. Ќе земам и хемии ако сакам. Ќе одам и во планина ако ми е потребно. Никој не може да ми забрани. Нека критикуваат колку сакаат, не ми се палат нервите така лесно. Потопени се во коскената срж на моите сонови. И пливаат низ крвта која поминува низ едно срце и една Љубов. Сега и засекогаш. А додека достигнам засекогашна точка.. :
Ќе ме снема од досегашното секојдневие и досадни мои автентични моменти. Ќе се сеќавам на попладневните прошетки низ неговата коса. Ќе ја гледам тишината и ќе ја слушам пригушената светлина што најубаво ја создававме и живеевме. Ќе напишам книга. Ќе напишам и листови за кои некој ќе ми фрли книжна вредност. Ќе бидам чудак кој како и секогаш е слабовидно разбран, но ќе успеам. Ќе се качам еден ден во воз. Ќе прошетам како странец во далечна земја. Ќе грицкам сончоглед. Ќе испијам 4 литри вода. А може и ќе конзумирам дрога. Ќе си дозволам сè што сакам. Затоа што не можам да знам каде ќе ме однесе.. ах тој воз.. Нека излета некако од тие проклети шини. Нека се преврти во некоја прекрасна и восхитувачко дрска провалија. Нека експлодира. Нека стане пепел. Нека ја има на телевизија несреќата. Нека пишуваат во весниците. Џабе им е целиот труд. Не се паметни и не ме слушаат. Мојата Љубов ни тогаш нема да престане.
Со почит ви објаснувам. Со постојан глад за еден допир и со постојан чекор кон личното пронаоѓање. И сакам и мразам. Нема или. Има само категорија И. Нема ЌЕ. Има сегашност. А сепак има иднина. Надежно идно време, дека можеби еден ден ќе бидеме заедно.
Пишувам за себе. Живеам за себе. Тотално сум неискрена личност. Ве лажам постојано. Па вие продолжете да ме читате. За еден ден да ве посрамотам пред светот. Затоа што сте неверојатно глупави. Не знаев дека имате 267 Животи. Слободно живејте ги. Ве поздравувам од едно мало место, но во него вирее најбогатото срце. Во тоа срце постои и најголемата тага, но секогаш ќе постои како насмеано бебе затоа што има чиста Љубов.
А сега, навредувајте ме. И колнете ме. И завидувајте ми.
Јас сум среќна. Јас работам на себе. Јас имам храброст. Јас имам Љубов. За него. За оној што е запишан во Гинис како најсреќниот човек. Ќе се случи и тоа изгрејСонце кога ќе дознае и ќе ме земе во раце. А до тогаш, можеби ќе бидам жива.

                    

Inspiration.








Don't worry, we're just indie kids

My photo
Kingston, Jamaica
Sara, 16. Born and raised in Macedonia. Aquarius. Freddie Mercury, Eric Clapton, Sinead O'Connor, Birdy, Bukowski, Nabokov and tea ♥.