Tuesday, March 13, 2012

Говор против Вероника Франко (куртизана од XVI век)


Жени. Вечни сопатнички на мажите, или така некако. Ако не сакаш – лош си. Ако не ни обрнуваш внимание пак не чиниш. Што всушност сакаме ние? Од кого бараме, на кого даваме, и што е тоа што се дава, а воедно и бара?
За Вероника Франко ова прашање би било гола вода, но таа не е тука со нас за да може да одговори. Затоа јас ја земам таа одговорност и ќе Ви објаснам која е разликата помеѓу тоа што се давало и барало во минатото и како е тоа сега. Многу девојки, жени би се согласиле со мене дека ниедна од нас не би дозволила некоја да им го земе дечкото или мажот. Фала Богу. Која е таа па да ми краде од пред очи нешто што е мое? Да живееше Франко сега, ќе можевме да учиме како се краде маж и да бидеш горд на тоа. Но, дали прељубата и неверството е причина за гордост?
Денес не треба да си вештерка или маѓепсничка за да украдеш некој тип. Треба да бидеш секси, да ги поседуваш сите атрибути на себе и секако да знаеш како и кога да нападнеш. Меѓутоа, тоа и не е толку хумано. Сега ми е интересно и ќе ми биде убаво да Ви зборувам за тоа дека сум крадец, крадец на Вашите мажи. Но, како би ми било ако некоја сега ми го украде тоа што јас го сакам. Ако ми го украде мажот кој ја задоволува внатрешноста на мојата душа и моето тело? Како би имала образ да се шетам по улица, знаејќи дека сите ме мразат, дека би ме претепале, би ме обвинувале па и во краен случај да ме камшикуваат на плоштад. Со кое лице би се бранела и би говорела дека моето тело не ми носи срам, туку љубовта. Дека не сум куртизана, а всушност не го знам бројот на љубовниците. Да си го дадам срцето онаму каде што трага ќе остави само моето тело. Да го делам креветот со некој странец, наместо на мојот сопруг да му ја подарам невиноста, она по што тој ќе ме цени цел живот. Клеопатра, Теодора, Франко и Антонија се повеле на фразата дека ако една жена ја симне облеката, мажот сам ќе си дојде. Но, за мене тоа не е така. Ние девојките треба да научиме едно нешто од бајките. Пепелашка не се соблекла за да го најде принцот. Како можеме да кажеме дека куртизаните се чесни, кога ни “ч” од чесни немаат. Франко тврди дека таа не крадела мажи, туку им подарувала нешто што сопругите не им го давале. А што е тоа? Ако сопругите готвеле, чистеле, переле, биле домаќинки, воделе љубов со сопрузите, раѓале деца, седеле дома и зборот на мажот бил нивна заповед… што е тоа што куртизаната им го давала???
Таа едноставно копнеела по маж, по некој сосема непознат, зашто сакала да почувствува жар и страст. Таа не сакала да ја почувствува сопружничката љубов бидејќи тоа би било казна за неа.
Jaс не се соглаувам. Поголема казна е да остане сама на стари години отколку да има верен сопруг. Една жена е дар од Бога, ако и подариш љубов, внимание, таа ќе стане ангел, а мажот ќе живее во рај. Според мене не е важно дали сум згодна, дали привлекувам 1001 маж на прв поглед, важно ми е тој што го сакам да знае дека е единствениот. Не сум куртизана, не играм валкано, не се каам што сум со еден маж и не се каам што денес Ви го открив тоа што тлееше во мене.
Знам дека сум во правo и дека ќе ги натерам девојките да размислат малку бидејќи љубовта е за двајца, без оглед дали ќе се најде некоја куртизана што не знае да брои.


No comments:

Post a Comment

Don't worry, we're just indie kids

My photo
Kingston, Jamaica
Sara, 16. Born and raised in Macedonia. Aquarius. Freddie Mercury, Eric Clapton, Sinead O'Connor, Birdy, Bukowski, Nabokov and tea ♥.