Friday, February 10, 2012

Имагинација на љубовта


Зар животот може да се замисли без љубов? Фантазија на мисли и чувства чија замисла и идеја се остварува некаде далеку, во некои пространстава, никому познати. Скриени, но пак очите ги издаваат.
Љубов секому потребна, заштита, надеж во безнадежноста, радост во тагата, утеха во очајот, бои во сивилото. Љубов која претставува дожд во пустината, роза во плевелот, глас во тишината, сонце во темнината. Наjискрен подарок кој било кога бил подарен, подарок од Бога.
Срце од галеби кои симблично летајќи ја слават љубовта. Љубовта над сè! Врвна среќа?! Па мислам... мислам дека е тоа да љубиш и да бидеш љубен. Среќа која им припага на оние кои веруваат во бескрајноста на љубовта. Среќа како стремеж за цел за нешто што страсно се посакува. Љубов и среќа - непроценлива вредност...
Ајде дојди ангелу, дај ми ги твоите крлија нека бидат мои, оние назаборавни очи, па со нив да ги пијам убавините на животот и човековото срце и да ѝ ги поклонам на душата.
И... сега патувам, патувам на крилјата на ангелот и внесувам капка крв во секое изумрено срце. Безнадежно и бесчувствително. Што ќе е човекот без срце ко пролет без цвет? Нека секој љуби, нека секој биде среќен. Нека онаа ткаенина од чувства никогаш не се скине.
О, среќо сакам секоја капка нежност да ја почувствува топлината на крвта, да го вдушува воздухот полн со љубов, да ја носи непобедливата сила со себе ко своите мисли.
Сега веќе сонувам го знам тоа, но не сакам да се разбудам и погледнам низ расплаканиот прозорец, сакам само сонот вечно да трае. Сакам само сè да е љубов. А сонот е само фантазија претворена во букет рози.
Па зошто нѝ се потребни омразата и кавгата? Нека единственото нешто што нѝ треба биде љубовта, а нејзините сни наши водилки кон целта.
Луѓе сакајте се!




Tuesday, February 7, 2012

Во недогледот


Пливам на површината на кафето. Со секоја проголтана гранула, се менувам. Овојпат кон полошо. Секогаш сум се издигнувала, како подадено главче на желка која се бори со надојдената вода. Сега е мошне чудно. Срамота ќе биде да се удавам. Ќе ме има на најсмешни видео инсерти. Ќе ме гледаат во некој бош ден навечер на телевизија. Собрано друштво среќни копилиња кои имаат сè во животот. Се препушиле каја. и умираат од смеење на моја сметка. Затоа што јас умирам од љубов. Можно е да се умре од љубов. Тагата го обвива целото тело и го разјадува, па тоа кутрото се разградува. Од душевна болка се раѓаат скоро сите болести. Болести за кои нема лек. Млади животи одат во бестрага. Млади животи имаат изглед на старачки дом. Сфатив дека не знам да живеам. Јас, којашто секогаш го знаела најдобриот начин. Сега може слободно да зборам во трето лице за себеси. Затоа што полудев и затоа што не сум присебна. Мозокот ми отишол во Индонезија, си игра фудбал со тамошните деца израснати на улица. И одеднаш забегува и се шетка низ пазарите таму. Гнасни се, нема никаква хигиена. Ама има овошја и зеленчуци кои ги нема на ниту едно друго место на планетава. Случајно, еден постар мештанин го зема и го мерка. Си вели дека добро би му дошло ако си го испржи и к’сне за ручек. Проклет старец! Никаков обѕир, никаква човечност. Никој не се грижи за останатите. Сите сме сами на светов. Поголемиот го јаде помалиот. Хиперсензибилните се умртвени од оние помалку чувствителните. Така е и во природата. Ланец на исхрана односно начин на преживување. Не постои тука вртење на тркалото. Постои само госпоѓица Карма која некогаш, некако, ги етикетира сите според своите заслуги.
Пливам на површината во сопствената утроба. Пробувам да се пронајдам повторно. Но без успех. Ја достигнав зрелоста кога не можам веќе сама. Ја сретнав точката каде што требаше да одлучам што ќе правам со себе понатака. Избрав љубов и избрав патење. И не ми е криво. Вака ќе си живеам засекогаш. Избрав да си се пензионирам уште сега, на моиве години. Избрав да бидам вистински чудак кој отсекогаш правел екцентрични потези. А сега сум само слика што бледнее. Додека да трепнам, ќе бидам заменета со друга.
Сè што посакував е да му го посветам животот.
Сè што имам се љубовта и болката. Богата сум. И знам дека ми завидувате.
Ве поздравувам од обалата…






Don't worry, we're just indie kids

My photo
Kingston, Jamaica
Sara, 16. Born and raised in Macedonia. Aquarius. Freddie Mercury, Eric Clapton, Sinead O'Connor, Birdy, Bukowski, Nabokov and tea ♥.